До овој момент во ДИК се пристигнати 14 приговори за нарушување на  лично избирачко право. 10 се одбиени, а четири дополнително ќе се разгледуваат.

Како што појасни претседателот на ДИК приговорите доаѓаат најчесто поради проблеми со документи.

Најчесто приговараат граѓани со изминати важечки лични документи. Приговараат дека им е нарушено избирачкото право“, рече Дерковски.