Да, јас се чувствувам безбедна. Се уште одам на работа пешки, талкам по скопските улици и се чувствувам безбедна, нагласи кандидатот за претседател Гордана Силјановска.
Мислам дека ако сте биле долги години дел од структурите и голем дел од животот сте го поминале во врска со безбедносните прашање веројатно сметате дека кога знаете многу за другите луѓе, и тие сакаат да знаат за вас, па се чувствувате небезбедно, изјави професорката во емисијата Отворено на телевизија Алфа.
Според неа, изјавите на противкандидатот Стево Пендаровски се чудни бидејќи доколу тој се чувствува небезбеден, а е на власт, тогаш како би требало да се чувствуват граѓаните на Република Македонија.
Comments are closed for this post.