Професорката Гордана Силјановска Давкова им се обрати на граѓаните од Општина Јегуновце и рече дека незамисливо е во 21-ви век во услови кога постојат ОН, Совет на Европа, Меѓународен суд на правдата во Хаг, да не се почитува правото на самоопределување.

Бидејќи пред се сум обичен човек, човек од народот, како велел Линколн „Од народот за народот, со народот“, би требало да бидат оние кои го претставуваат. Честопати си велам, замислете си сега да сте на возраст од 75 години, бидејќи Македонија е во женски род, возрасна жена од 75 години на која треба сега да и се смени името, а вие ја убедувате дека тоа нема да се одрази на нејзиниот идентитет. Сакам да кажам дека името е важен дел, името е нешто на идентитетот. Името е нешто важен елемент на идентитетот, појасни Силјановска Давкова.