Набргу ќе бидам првиот грчки премиер кој  официјално ќе го посети Скопје, придружуван од бизнис-делегација, а подоцна ќе се формира и високиот совет за соработка на Грција и Северна Македонија, откри грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на неговиот говор на четвртиот економски форум во Делфи

Сакам да ве уверам дека што се однесува на владата којашто имам чест да ја водам, решени сме Грција да продолжи да гради врз она што го постигнавме со Договорот од Преспа. Затоа, сакам да ви откријам, многу бргу ќе бидам првиот грчки премиер кој официјално ќе го посети Скопје, придружуван од бизнис-делегација.