Преговорите со ЕУ не значат ништо, дури тогаш ќе бидеме во чекалната, вели претседателскиот кандидат Гордана Силјановска-Давкова во емисијата „Само интервју“. Таа вели дека мора да се слушне гласот на експертите за нашата евроинтеграцијата дека ова не води кон решение.

Тоа е таа психологија и ментална матрица „молчи и слушај“.Мора да се однесуваме како пристојна држава, тогаш ќе не почитуваат.Ама ако велите дека што и да кажете е најдоброто решение бидејќи вие  сте европјани а ние сме како што рече Османи медиокритети, тогаш Фројд е во прашање.Не се сите медиокритети во оваа држава.Точно е дека политиката ја окупирале медиокритети без дигнитет, интегритет и знаење.Па ако уште им кажат дека еден ден можат да бидат нобеловци можете да замислите во каков политички транс  екстаза се наоѓаат-рече професорката.