Министерот за надворешни работи на Унгарија,Петер Сијарто, на прашањето на МИА дали има ризик од повторно одлагање наесен на одлуката за датум за преговори, одговори со контра прашање дека нема гаранции дека ќе има позитивна одлука.

Какви гаранции имате дека ќе има позитивна одлука? Германците се повикуваат на тоа дека Бундестагот не може да го отвори прашањето, не знам дали некој може да даде гаранции за одлуката на Бундестагот.