Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски истакна дека покрај извештајот на Европската Унија за напредокот на земјите од Западен Балкан во кој е и Македонија постојат и посебни извештаи на дел од земјите членки во Унијата во кои се наведуваат слабите реформски капацитети на Владата предводена од СДСМ.

Друга работа која и е многу добро познато на Владата, а ја крие од јавноста, неколку држави, тоа и сега беше делумно споменато, изработија свои извештаи за напредокот на Македонија. Тие извештаи и се познати на Владата заради тоа што и се доставени на Владата и тие извештаи се многу различни од извештајот на Европската комисија што како целина го изработи. Извештаите и се дадени на Владата за да направи одредени подобрувања но колку тие одработија гледате и самите денес откако Европскиот совет потврди дека нема датум за преговори во јуни, истакна Николоски во Топ Тема.

За да биде појасно на јавноста, Николоски потенцираше дека не се работи за извештаи испратени од Скопје до Брисел туку за извештаи подготвени во главните градови на дел од земјите членки на Европската Унија.

Неколку земји членки на Европската Унија, не во Скопје, туку дома во своите главни градови имаат изработено засебни извештаи во однос на прогресот на Македонија и Албанија и тие извештаи не кореспондираат со крајниот извештај на Европската комисија. Како дополнителна информација која што ја имам во дел од извештаите се приложени и цели досиеја за корупција. На овој начин испраќам и јавна провокација до Заев и Димитров да одговорат дали тоа е така или не, додаде Николоски.