Се појавија нови фотографии од Бобан Томовски кој турската полиција го означи како близок соработник на еден од најбараните криминалци Седат Пекер. Томовски бил уапсен на аеродромот во Истанбул отткаде требало да замине за Каиро.

Агенцијата Анадолија за Бобан Томовски вели дека е водачот на криминална организација, наводно инволвиран во трговија со дрога во Македонија.

Томовски нема направено никакво кривично дело во Турција но е уапсен поради неговите блиски врски со Пекер.

Се претпоставува дека Пекер за време на својот претстој во Скопје бил во станот на Томовски. Пекер пак доби македонски документи на име Џадим Адемовски. На фотографиите од Кејот во Скопје Пекер е во друштво токму на Томовски.

Се очекува Томовски викендов да биде екстрадиран во Македонија, додека Пекер најверојатно се крие во Обединетите Арапски Емирати.