Mакедонските граѓани од 2021 година нема веќе слободно да влегуваат во шенген зоната. За помалку од три години ЕУ ќе почне да го употребува новиот систем ЕТИАС за контролиран влез.

Што всушност значи ЕТИАС (Европски информациски систем за патување и авторизација)

Тоа ќе биде систем за контрола на сите граѓани што не се членки на ЕУ, а имаат безвизен режим со Унијата. Во превод тоа значи дека за да патуваш во која била земја членка на ЕУ ќе треба да се регистрираш да се регистрираш во нивниот систем најмалку 48 часа претходно. Тоа ќе чини седум евра и ќе важи три години или до истекување на пасошот.

При регистрацијата ќе треба да приложиш документи каде и со која цел одиш, дали си осудуван, дали си вработен. При тоа, невработените многу потешко ќе доаѓаат до ваков документ со цел да се спречи вработување на црно во земјите од Унијата.

Ако твоите документи не се доволно уверливи нема да добиеш виза за патување или како што ќе се нарекува авторизација за патување.