Градежните работи кај мостот „Гоце Делчев“ ќе се одвиваат во наредните 40 дена. Станува збор за дилатација што не е извршена повеќе од 13 години и таму ќе имаме посебен сообраќаен режим, најави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

 Ќе треба да издржиме тие 40 дена, да имаме сообраќаен метеж  или ќе падне мостот„Гоце Делчев“. Лето е, луѓето не се толку присутни и вистинско време е да ја извршиме таа дилатација на мостот, рече Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање пред Град Скопје.