Градоначалникот на Скопје денеска во Зоолошката градина дојде со електричниот тротинет. Познатото шимпанзо Коко кое 10 години се ресоцијализираше во Холандија  се врати во  скопската ЗОО со уште три шимпанза – Мими, Роси и Хјасл со кои ќе го дели живеалиштето. Шилегов дојде да го види шимпанзата и нивното ново живеалиште.

„Новото живеалиште за шимпанза ги исполнува сите европски стандарди, што беше и еден од условите за нивното доаѓање во Скопје. Континуирано ја збогатуваме понудата на Зоолошката градина – лани пристигнаа слоновите, а сега работиме на тоа да донесеме фламинга и пингвини. Најдоцна до следната пролет овде ќе биде отворен дино-паркот. Градот Скопје сериозно инвестира во Зоолошката градина, а граѓаните тоа го препознаваат, па посетата во одредени периоди стигнува и до 30.000 посетители. Во изминатиов период преку јавните претпријатија работевме на уредување нови патеки, а за првпат по 15 години го исчистивме големото езеро со цел да создадеме подобри услови за живот на животните, а на граѓаните престојот во Зоолошката да им биде попријатен. Зоолошката градина полека станува заштитен знак на Скопје“, рече денеска градоначалникот Шилегов.