Градоначалникот на Скопје и потпретседател на СДСМ Петре Шилегов, во одговор на новинарско прашање за најавените смени рече дека по инаугурацијата на новиот претседател на државата ќе се направат анализи и ќе се донесат одлуки.

„Ќе седнеме во периодот што следува, да помине инаугурацијата на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски и формално да бидат завршени изборите, ќе ги направиме сите потребни анализи, а потоа ќе бидат донесени сите соодветни политички одлуки, изјави Шилегов.