Задади недостатоци во документацијата поништена е постапката за зиплајнот од Кале до Парк, тврди скопскиот градоначалник Петре Шилегов, откако Бирото за јавни набавки информираш дека не е пристигната ниту една прифатлива понуда за проектирање, набавка и изградба на зиплајнот.

Градскиот татко не се откажува од неговата изградба и најави дека Град Скопје набрзо ќе распише нов тендер.

Шилегов додаде дека станува збор за концепт. За едниот дел од Кале има распишано меѓународен конкурс како тоа треба да изгледа, а за вториот во соработка со Сојузот на архитекти формирана е комисија која што треба да распише меѓународен конкурс за општо уредување на тврдината.

Процесот го движиме внимателно бидејќи станува збор за најубавиот рид во нашиот град и тука не смееме да направиме импровизација“, изјави Шилегов.

Скопскиот градоначалник ја најави изградбата на 400 метри долгиот зиплајн уште во март лани и требаше да биде готов лани летото. Но, тендерот беше распишан дури годинава во март оти првичниот проект бил утнат, па се правел нов.

Изградбата ќе чини околу 50.000 евра.