Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска рече дека не се согласува со изјавата на премиерот Зоран Заев дека Бугарите го ослободиле Скопје и дека биле администрација за време на Втората светска војна.

Јас немам двојба, Бугарската војска во Македонија како окупаторска е дојдена пролетта 1941 година и како таква останува тука до моментот на капитулацијата на Бугарија во 1944 година. Потоа се трансформирала и учествувала во борбите за ослободување и на територијата на сегашна Северна Македонија и на тогашна Југославија, рече Шилегов.