И во време на денови на жалост во Македонија, дивоградбата на Шилегов не мирува, туку забрзано се гради. Иако градоначалникот во заминување Шилегов најави одговори, тој сеуште молчи и не открива дали има дозвола за градење и која фирма ја гради неговата семејна зграда дивоградба, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Со тоа уште повеќе се отвора сомнежот дека фирмите кои му ја градат семејната зграда дивоградба, се фирми кои добиваат тендери од град Скопје. Со други зборови молкот на Шилегов гласно говори дека можеби фирмите кои скапо ги плаѓа со народни пари, потоа за без пари му градат зграда.

Инспекторите за урбанизам на Општина Карпош ги нема на терен да утврдат фактичка состојба, да видат дали има воопшто документи и право за надградба, дали има надминување на висината. Се е ставено во функција на урбаниот мафијаш Петре Шилегов. Граѓаните видоа дека кога тој гради ниту инспектори излегуваат,а документи се менуваат преку ноќ во сабота, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.