Германскиот амбасадор во Србија, Томас Шиб денеска изрази надеж дека наскоро ќе биде познат датумот на почеток на преговарачкиот процес за членство меѓу ЕУ и Северна Македонија.

Заради интензивното усогласување, помеѓу останатато и во Германија, донесувањето одлука за датумот за почеток на преговорите е пролонгиран до октомври. Германија го поздравува големото државничко постигнување на Северна Македонија и Грција, кои по толку време успеаја да постигнат договор и да го решат прашањето за името на Северна Македонија и затоа се надеваме дека земјата многу брзо ќе ги започне преговорите – изјави Шиб.

Германскиот амбасадор, како што јави дописникот на МИА од Белград, изјави дека ставот на Берлин е дека приемот на нови членки и реформите во ЕУ се два одвоени процеси што треба да се одвиват паралелно.

Внатрешните рефрми во ЕУ ќе се случуваат се додека таа постои, со цел таа да се подобри и да се адаптира на новите услови. Тое е постојан процес, кој не го спречува приемот на нови членки, под услов земјите кандидати да ги исполнат сите услови. Србија спроведува тешки реформи што ќе потраат, а ЕУ спроведува свои реформи и во еден момент Србија ќе и пристапи кон ЕУ. Тоа се процеси кои се одвиваат истовремено, а не еден по друг – истакна германскиот амбасадор.