Министерката за одбрана Радмила Шекеринска вели дека и денес иако е владин функционер знае да се вози со автобус и да оди пеш. Таа даде ваков одговор во гостувањето на 1 ТВ на прашањето на новинарот Александар Чомовски дали има елементарно чувство на скромност. Прашањето беше поврзано и со најавеното покачување на платите на вицепремиерите.