Додека ни снемува чист воздух, донесувачите на одлуки и годинава не испорачаа соодветен буџет и сеопфатна стратегија за горливиот проблем со загадувањето. Во моментот Македонија е четврта земја во светот, а втора во Европа, по заболување од канцер на белите дробови, велат од “Канцерогено општество” кои денеска потворно протестираа за чист воздух пред Собранието.

Како и претходните саботи, и денеска оние кои излегоа на улица повторно алармираа и побараа итни мерки за спас на животната средина.

„За колку го продадовте нашето здравје?“, „Стоп за труењето на децата“ и „Уште колку можеме да издржиме“ беа дел од паролите.

Но за разлика од ретходните неколку протести, денеска бројот на граѓани кои дојдоа пред Собранието беше помал.