Не е Али Ахмети она што си го замислува Мицкоски дека е, па му го крева рејтингот, истакна во интервју за „Утрински брифинг“, лидерот на Алијанса за Aлбанците, Зијадин Села.

-Во културата кај Албанците има нула инвестиции. Не може Охридскиот рамковен договор да ни биде прв збор во секој разговор. Децата на бранителите имаат право бесплатно да студираат на Тетовскиот универзитет, а децата на борците од УЧК, кои се залагаа за легализација на истиот тој Универзитет, го немаат тоа право, вели Села и додава дека заслугите не се на Ахмети, туку „на оние кои си го дадоа животот за таа работа“, тврди Села.

Тој додава дека Ахмети е класичен манипулатор и се надева дека  еден ден ќе заврши како Груевски.