Седумнаесетгодишно момче било убиено со нож по расправија што продолжила во физичка пресметка. Напаѓачот бил негов врсник, а по убиството тој е пронајден и приведен во полициска станица.

Инцидентот се случил утринава, половина час по полноќ, а во СВР-Скопје било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“ во скопската населба Лисиче имало расправија меѓу неколку лица со А.Т (18), кој бил во друштво со К.Д (17), која продолжила и со физичка пресметка.

Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х.(17), кој со визоло на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што починал, појаснија од МВР.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.