Централниот одбор на СДСМ вечер во 18 часот ќе одржи седница во партиското седиште.

Од СДСМ соопштија дека седниците на Централниот одбор се работни и најавија дека за заклучоците и одлуките на ЦО ќе ги информираат медиумите по завршување на седницата.

На последната седница на ЦО на СДСМ во Охрид, меѓу останатото, беа избрани нови членови на Извршниот одбор, организациски секретар, како и нови членови на ЦО.