Меѓународен сојуз денеска испрати соопштение потпишано од потпретседателката Јасна Ерцеговиќ, во врска со како што се наведува во истото „неоснованите и тенденциозни шпекулации кои се пласираат во медиумите и на социјалните мрежи“.

„Во интерес на остварување на целите Меѓународен сојуз (МС) стапи во соработка и склучени се договори со две реномирани домашни друштва. На тој начин за прв пат во Македонија е создадено приватно невладино партнерство. Паричните средства пристигнати на сметките на координаторите на проектите се искористени исклучиво за остварување на целите на МС и исполнување на договорите склучени со партнерите.

Потенцираме дека хонорарот пристигнат на сметката на Л.Т. еден од координаторите и идеен творец на проектот веќе беше предмет на истрага на Финансовата полиција и ОЈО по што се утврди дека трансакцијата е во рамките на позитивните законски прописи на РСМ и истрагата е сопрена.

Временското одлагање и доцнењето на остварувањето на целите на Меѓународен сојуз е исклучиво од објективни причин,  а никако по вина на Меѓународниот сојуз и координаторите на проектите.

До денот на издавање на ова соопштение ниту еден член на МС или лице поврзано на кој било начин со МС не е повикано од органите на прогонот на РСМ, а заради наводно незаконито работење“, се наведува во соопштението од Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски.