Градоначалници, министри, обвинители и судии, две години се впуштиле во соработка со Бојан Јовановски наречен Боки 13, лице неколкукратно осудувано за финансиски криминал и финансиски малверзации. Боки 13 е финансиски криминалец – повратник. Тој човек без поткрепа од власта не можел да изнудува пари за кои што е осомничен. Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Фросина Ременски, Костадин Костадинов на еден или друг начин се поврзани со милионскиот рекет. Половина влада и СДСМ се членови на „Меѓународниот сојуз“ на Јовановски преку кој што се вршени злоупотребите и е собиран рекетот, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

За неверување е дека премиер не знаел со кого министрите и градоначалниците, па дури и самиот тој потпишувале меморандуми за соработка. Боки 13 е неколкукратно осудуван за финансиски измами. Осуден е за измама од 50 илјади евра во 2010-тата година. Претходно за 2,5 илјади евра земени со измама во Радовиш, па осуден за невратени 7 илјади евра на госпоѓа од Скопје. Осуден од хотел во Белград за неплатен луксузен престој внимавајте на име на „хуманитарна организација“. Осуден за носење скоро 10 илјади евра во готово преку граница, вели Стоилковски.