Во Собранието постои Влатко Ѓорчев. Кога тој зборува него и неговите паушални говори морате „да ги надминете“ со помагала во форма на мобилен. Колку и да непристојно тоа делува од страна, напиша на Фејсбук градоначалникот на Скопје Петре Шилегов откако вчера беше „уловен“ од репортерот на Пресинг ТВ како игра игри на мобилен за време на дебатата во собранието за аерозагадувањето.

Во реалноста постои загаденоста. И Градот. Кој што перманентно работи на надминување и справување со овој наш најголем проблем. Слушнете како, напиша Шилегов.

Видеото на Пресинг ТВ многу брзо се рашири во јавноста, го преземаа речиси медиуми, а на адреса на градоначалникот пристигнаа бројни критики.