Извршниот одбор на СДСМ доцна синоќа утврдил уште неколку нови кандидати за градоначалници, кои, како што се наведува во партиското соопштение, ќе бидат објавени во текот на денешниот ден.

Како што објави Телма, Неофицијално, потврден е поранешниот министер Горан Сугарески за Прилеп, актуелната градоначалничка на Битола, Наташа Петровска ја добила партиската доверба за втор мандат, додека во скопските општини Центар и Аеродром ќе се оди со нови имиња. Односно, пратеникот Александар Филиповски, кој го наследи Павле Богоевски во Парламентот ќе оди за Аеродром и претседателот на општинската организација на Центар, Горан Герасимовски за Центар.

Поранешниот пратеник Маријанчо Николов неофицијално е кандидат за Велес.

Во новите имиња се споменува и пратеникот Костадин Костадинов за адут на СДСМ во Струмица. Костадинов веќе еднаш на кратко ја вршеше градоначалничката фукнција, заменувајќи го лидерот Зоран Заев, до изборот на актуелниот градоначалник Коста Јаневски, кој на анкетите исто така добро котирал.