Новите судски рочишта за предметот „Плацеви на Водно“ в понеделник продолжуваат во сенка на големиот скандал што се откри на последната сесија на Кривичниот суд, кога се дозна дека контроверзната јавна обвинителка Лиле Стефанова со фалсификуван доказ го затворила предметот  и на Судот кој го оценувал обвинителниот акт му подметнала изјава на Никола Груевска, кого таа ниту го видела, нити го сослушала во истрагата што ја водела, пренесува „Плусинфо“

За неупатените, мало појаснување: секој обвинителен акт, пред да стане правосилен и пред да почне судењето, оди на претходна оценка во Судот, во случајов пред тројца судии на Одделот за организиран криминал на Кривичниот суд во Скопје. Тие оценуваат дали актот што го поднесува јавниот обвинител е издржан и дали треба да се преземат некои други дејствија. Во принцип, многу ретко се случува обвинителен акт да „падне“ во оваа фаза на постапката. Но, во случајов, тие морале да воочат еден многу сериозен проблем, пишува уредникот Бранко Героски.

Имено, обвинителката Лиле Стефанова била должна во истрагата да го сослуша осомничениот Никола Груевски.  Во истрагата за „Плацеви на Водно“, а не во некоја друга истрага. Во предметот „Плацеви на Водно“, за кој истрагата била отворена во 2020 година, првоосомничен, па обвинет, е Никола Груевски, кој се гони за перење пари. Станува збор за сума од над 1,3 милиони евра наводно партиски пари, донации во ВМРО ДПМНЕ, кои, според обвинението, Груевски ги пуштил во оптек за купување на плацевите. Без Груевски во приказната, предметот на Стефанова паѓа во вода.

Но, во време на отворање на истрагата, Никола Груевски е избеган во Унгарија, па Стефанова ниту можела да го види ниту да го сослуша. Порталот Сведок, од перото на новинарот Саше Димовски, одличен познавач на приликите во нашето правосудство, потсетува дека обвинителката Вилма Русковска, која ја води истрагата за предметот „Организатори на 27 април“, ја запрела постапката против Груевски поради неговото бегство. Инаку, двата предмета се во рацете на ист судија, Илија Трпков.

Повеќе на „Плусинфо