Како одговорна партија СДСМ дава шанса на дијалогот, ред е да разговараме со најголемата опозициска партија, ќе видиме каков ќе биде епилогот од тие средби, дури потоа целиот тој разговор да помине во Собранието. Ова го изјави Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ прашан за тоа што се случува со преговорите со опозицијата за Законот за Јавното обвинителство.
Тој рече дека од она што претходно беше кажано од работните групи дека нема никакво поместување во ставовите, според него позицијата на СДСМ е јасна, недвосмислена и принципиелна.
„Тоа значи дека нема да биде променлива, затоа што тоа е во согласност со препораките од ЕУ, а тоа е обезбедување на вистинска правна држава. За жал најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ, не го поддржува целиот тој процес водејќи се од нивните основни принципи, а тоа е амнестија за криминалите на претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.
На новинарскотот прашање, што СДСМ ќе прави доколку не се постигне договор со ВМРО ДПМНЕ, Костадинов одговори:
„Си има собраниска процедура кадешто пратениците одлучуваат согласно нивното сопствено убедување. Јас верувам дека сите мои колеги во Собранието како пратеници имаат навистина искрени намери воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија да стане пракса. Тоа ние треба да го покажеме“, рече тој.
Comments are closed for this post.