Европската комисија даде чиста, безусловна препорака за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ. Значајниот економски раст,, зголемената минимална плата, имплементацијата и реформите во судството согласно меѓународните стандарди и практики, видливите резултати во борбата против корупцијата, реформата на безбедносните служби, транспарентноста во јавната администрација, слободата на говор и медиумите, се само дел од успесите кои се нотирани во најпозитивниот Извештај на Европската Комисија за нашата држава“, велат од СДСМ.

Според партијата на власт Извештајот на Европската Комисија е доказ за успешноста на политиките и реформските процеси на Владата предводена од СДСМ кои како што велат носат подобар живот за сите граѓани.

Република Северна Македонија е блескав пример во регионот за носење храбри и државотворни одлуки поради кои државата бележи прогрес и  интеграции. Остануваме посветени да продолжиме напред, по евроатлатнскиот пат.Ги остваруваме врвните стратешки и национални интереси, градиме европска држава која негува концепт на фер општество што нуди подеднаква шанса за сите“, стои во соопштението на СДСМ.