Жителите на Аеродром не се одѕваа на повикот на Фејсбук против изградбата на висококатницата кај Мајчин Дом.
Пред парцелата каде треба да се гради не се собраа повеќе од 50 незадоволни. Немаше ниту полиција ниту пак обезбедување на инвеститорот.
Единствено што потсетуваше дека нешто се случува беа денеска испишаните графити на кои стоеше дека „Криминалот е заштитен со закон во Македонија“ и дека „Сите се исти“.
Ова следува откако Уставниот суд ја одби претставката за оценување на уставноста на ДУП.
Comments are closed for this post.