Кривичниот совет ја одби жалбата на ВМРО-ДПМНЕ и го потврди решението за замрзнување на недвижниот имот на политичката партија, информира денеска Основен суд Скопје 1 – Скопје.

 Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, постапуваше по жалба изјавена против решение на судија на претходна постапка кој го уважи предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите и изрече привремена мерка за обезбедување на недвижен имот на политичка партија опфатена со предлогот. Советот, по ценење на фактите и доказите во жалбата, донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судијата на претходна постапка, се вели во соопштението од Кривичниот суд.

СЈО поднесе барање до Судот за замрзнување на седиштето, штабовите и останатиот недвижен имот на ВМРО-ДПМНЕ. Барањето е во рамки на предметот „Талир“, што се однесува на незаконско финансирање на партијата