Според денеска објавените резултати од спроведениот попис, само 3.504 или 0,19 отсто од македонските граѓани се изјасниле како етнички Бугари.

Од аспект на македонско-бугарските односи, оваа бројка е неспоредлива со тие што постојано се споменуваа од страна на (не)официјална Софија, па сега основано може да се постави прашањето дали овие резултати ќе бидат прифатени и од Бугарија и од македонските Бугари.

Во постојаната игра со бројки, политичките претставници на Бугарија манипулираа и со домашната и со меѓународната јавност дека во Македонија има над 120.000 македонски Бугари, кои имаат бугарско државјанство и пасоши, што значи дека толкав број се и граѓани на Европската унија. На оваа бројка со додаваше уште една, дека уште најмалку за 60.000 граѓани на Македонија во тек е постапка за добивање бугарско државјанство.