Германскиот државен министер Михаел Рот денеска пред почетокот на ГАК во Брисел уште еднаш порача дека ЕУ мора да почне преговори со Македонија и Албанија што е можно побрзо. Но ова се чини не допира до Бугарија. Досегашната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева вели дека нема напредок, па не гледаат причина за одржување меѓувладина конференција следните два месеца.

„Европската Унија мора да ги одржува своите ветувања. И двете земји, Албанија и Македонија испорачаа и затоа сега треба да испорача ЕУ. Мора да ги почнеме преговорите за членство со Албанија и Македонија што е можно поскоро“, порача Рот.

Тој во видео обраќањето вели дека билатералните прашања треба да се решаваат на билатерално, а не на ниво на ЕУ.

„Тоа е одговорност на 27-те земји членки“, додава Рот.

Иако вчера речиси сите министри на ЕУ во Брисел излегоа со иста порака за почеток на преговорите, Захариева „пресече“ како и досега – „не можеме да ја одобриме преговарачката рамка за Скопје“.

„За да ја одобриме преговарачката рамка, Република Северна Македонија треба да покаже дека ги почитува човековите права. Не може да прифатиме луѓето со бугарска самоопределба да бидат ноќе испрашувани од тајните служби или да не можат со години да најдат работа, бидејќи се горди на своето бугарско потекло“, објави Захариева на својот официјален профил на Фејсбук.

Таа додава дека не гледа напредок и дека Договорот за добрососедство не се почитува.

„За жал, до моментов не гледаме напредок. Договорот за добрососедство не се почитува, па според тоа нема како да се одржи меѓувладина конференција следниот месец или после него (јуни или јули).

Европската комисија и денеска потврди дека Софија и Скопје треба да најдат решение. Нашите соседи продолжуваат да бараат оправдувања за своето недејствување“, пишува Захариева.

За да одобрим преговорната рамка, Република Северна Македония трябва да покаже, че уважава човешките права.
Няма как да…

Posted by Екатерина Захариева on Monday, May 10, 2021