Германскиот министер за Европа, Михаел Рот вели дека Бугарија е осамена во блокадата, а блокирањето според него е тешка грешка чија цена ќе се одрази врз безбедноста и на Западен Балкан и на Европа

Тој исто така додаде дека билатералните барања на една земја го блокирале проширување на Унијата.

„Ќе разговараме за проширувањето на ЕУ. За жал досега не успеавме да го исполниме напредокот за кој самите веќе се усогласивме. Во позадина стојат билатералните барања на една земја-членка кон која другите 26 не можеа да се приклучат“, истакна Рот, пренесува „Дојче Веле“ на македонски јазик.