Кандидатот за претседател Блерим Река го оствари своето право на глас во Основното училиште „Живко Брајковки“ во Општина Бутел.

Тој порача дека со денешното гласање ќе докажеме дека сме држава која е подготвена да ги отпочне пристапните преговорите за членство во ЕУ, со што ќе докажеме дека имаме институционален, административен и политички капацитет.

Река ги повика сите граѓани масовно да излезат за да го искористат нивното уставно и законско право и да гласаат, како што рече, за оној за кој тие мислат дека е најпогоден.