Јас не гледам причина зошто македонските граѓани, т.е. граѓаните од македонска етничка припадност да не гласаат за овој концепт,нагласува кандидатот за претседател Блерим Река.

Според него,  со самиот факт дека мојот концепт е за републиката, значи за државата, што значи за оваа држава во постоечките граници, за територијалниот интегритет, сувереноста на оваа држава.

Како тогаш не можам да добијам гласови од граѓаните, кога не правам никаква дискриминација на никаква основа. Јас мислам дека за сите граѓани ќе има подобар живот, ќе има подобра перспектива, ако почне со владеење на законот – вели Река за МИА.