Русија денеска прогласи за „персона нон грата“ еден од двајцата дипломати, кои Македонија ги има во Москва, објави руското Министерство за надв орешни работи.

Како што пренесуваат РИА новисти, вршителот на должност од Македонија, Оливера Чаушевска-Димовска, беше поканета во руското Министерство за надворешни работи, каде што и беше врачена белешка со која вработената во Амбасадата на Македонија во Москва е прогласена за персона нон грата, се вели во соопштението.

Министерството во изјавата рече дека потегот на Македонија е неоправдан. Министерството за надворешни работи на Македонија на 18 мај објави дека, во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи, одлучило да се прогласи дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Македонија.