се чека Павле Богоевски да ја закаже седницата

Расправата за мандатот на Груевски одложена за неколку дена?

18.05.2019 / 18:23


Собраниската мандатно-имунитетната комисија како што јавуават дел од медиумите во понеделник нема да расправа за мандатот на поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил во Унгарија.

Со Комисијата раководи пратеникот Павле Богоевски.

Дел од медиумите објавија дека тој во петокот најавил дека Комисијата ќе ја закаже во текот на наредната недела откако ќе заврши комисиите што ги работат реформите во безбедноста, а на кои пратеникот им дава предност.

Пред три дена, претседателот на Собранието Талат Џафери испрати допис до Комисијата дека пратеникот Никола Груевски неоправдано бил отсутен од седниците повеќе од шест месеци, информираше собраниската прес-служба.

Одложувањето доаѓа во екот на скандалот во кој народниот избраник се поврзува со набавка на кокаин или масло од канабис

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на Богоевски, итно, сам да се повлече од Парламентот, затоа што ги прекршува сите етички, морални човечки норми.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

jojobet girişjojobetmarsbahis girişmarsbahismarsbahis girişgamdom girişholiganbet girişjojobet giriş