Аферата Половина грам Кокаин каде главен лик е Павле Богоевски е многу сериозна а власта си игра играчки!, обвинија од ВМРО ДПМНЕ. Од таму бараат полицијата и обвинителството  да започнат сериозни истраги –  со кои се трговци и криминални структури Павле Богоевски бил во контакт и со кои пак тие биле вмрежени

Потоа, велат од опозицијата,  во кои се и во какви се класифицирани документи Павле Богоевски имал увид и сознанија како пратеник кој што поседува безбедносен сертификат?

Што се’ можело и може да заврши во раце на криминалните мрежи?

Од ДПМНЕ му порачаа на Богоевски, итно, сам да се повлече  од Парламентот, затоа што ги прекршува  сите етички, морални човечки норми.