Во раните утрински часови околу 3 часот по полноќ во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп имало пукање од огнено оружје. Кога полицијата излегла дошла наместото на настанот затекнала две повредени лица. Но сеуште не се познати причините за пукањето и сторителите.

 Полициски службеници излегле на местото на настанот каде биле затекнати М.М.(43) од Прилеп и О.И.(28) од село Лажани, прилепско, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, велат во МВР.