Од Џевахир Скај Сити се огласија по повод информациите за кабинетот на доскорешниот претседател Ѓорге Иванов. Како што е познато Иванов одлучи токму во зградите на оваа компанија да биде сместен неговиот кабинет со тројца постојани соработници. Компанијата преку изјава до медиумите објаснува за колкав простор се работи и месечно колку тоа ќе ја чини државата.

Би сакале да ја информираме јавноста дека помеѓу компанијата Турмак АД – Подружница Скопје и Службата за општи и заеднички работи на Република Северна Македонија е склучен договор за закуп и користење на опремен службен простор за потребите на Кабинетот на поранешниот претседател на државата, Ѓорѓе Иванов. Договорот е склучен во времетраење од една година и е во сопственост на компанијата Турмак. Според договорот, месечниот закуп за 274 м2 деловен простор изнесува 1950 евра, велат од Џевахир Скај Сити.

Освен ова, Иванов има право и на пензија во  висина на претседателската плата, возач и обезбедување.