Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека му држи зборот. На денешната лидерска средба издржа на ставот дека нема да дозволи уставни измени под бугарски правила, или како што ги означува диктат.

Без гаранции од ЕУ која ќе ни го гарантира македонскиот идентиет, самобитност, јазик, историја нема поддршка за влез на Бугарите во нашиот устав. Што се вели црно на бело од Брисел па гласање во Скопје. Мицкоски дури предложи за ова да разговара со неколку премиери на влијателни земји-членки на ЕУ.

Дека ова е и тоа како можно потврдуваат и денешната изјава на премиерот Ковачевски, но и изјавата на вицепремиерот за европски прашања Маричиќ дека влијателна земја на ЕУ во следните недели ќе излезе со конкретен предлог во вид на гаранции. Е тоа е веќе нешто друго.

За ова веќе вреди да се разговара и затоа може да му се верува на Мицкоски дека навистина ќе добиеме такви гаранции од ЕУ.

А Бугарија нека остане единствената која и натаму ќе се буни и ќе негодува но нема да може да блокира за прашања што немаат врска со копенхашките критериуми туку со историја и географија и историски комисии