Власта и медиумите околу нив останаа затечени дека лидерот на опозицијата на вчерашната средба со Ковачевски презентираше план план за ЕУ и зачуван идентитет.

Спинот на медиумите блиски до кујната на СДСМ започна уште додека средбата беше во тек кога кај одредени новинари кои беа во Клубот на пратениците беше потурена информација дека средбата ќе биде кратка и оти е „сигурно“ дека Мицкоски ќе прифати уставни измени.

Се говореше и за некаков план во три точки. Ништо од тоа се разбира дека немаше.
Мицкоски излезе пред новинарите и јасно и гласно објасни под кои услови би прифатил уставни измени.

Излегувањето на Ковачевски беше жално за гледање. По десетина минути празно говорење го поздрави „прифаќањето“ на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на уставните измени, што беше уште една лага.

Незнаејќи како да одговори на контруктивноста на Мицкоски, Таче одговори со она што СДСМ најдобро го знае- а тоа е изолација и дестабилизација.

Сметам дека не треба да се доведеме во таква ситуација, бидејќи на нас ни треба интеграција а не ни треба изолација. На нас ни треба обединување на сите, а не исклучување на било кого-се закани Ковачевски.