„Од нема потреба да се видам со Мицкоски“ до заедничка маса во Клубот на пратениците.

Вака може да се оквалификува однесувањето на премиерот Димитар Ковачевски на вчерашната лидерска средба. Виде-не виде популарниот Таче си седна карши лидерот на опозицијата откако стана свесен дека Мицкоски го држи клучот за уставните измени.

По завршувњето на средбата Ковачевски пред новинарите се обидуваше да изглуми самоувереност и лежерност иако кај него се забележуваше нервоза дека Мицкоски опстои на ставот дека нема да прифати уставни измени.

На почетокот на своето обраќање Ковачевски зборуваше со многу флоскули и празни реченици во кои не кажа ништо суштински.

Потоа себиде да ја „продаде“ тезата дека Мицкоски прифатил уставни измени, како да заборави дек лидерот на опозицијата говореше пред него.

ВМРО – ДПМНЕ не е против уставни измени во државата. Тоа е заеднички заклучок и клучна порака од оваа средба и тоа е добро, бидејќи вакви одлуки јас од прв ден кажав дека се одлуки на сите партии, на целото општество. Ова не е процес на еден човек, на една партија, не е процес на една Влада туку е процес во кој треба да учествуваат сите и заедно да обезбедат подобра и попросперитетна иднина на сегашните и на идните генерации-рече Ковачевски.

Но, вистината е сосема поинаква а тоа е дека Мицкоски беше јасен под кои услови би прифатил уставни измени, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од некаква широка влад, и во никој случај заедно со ДУИ.

Таче се правеше дека „није одавде“ кога беше прашан дали знае што му се случувува во владата и државата со случувањата во Судскиот совет, смената на кардиологија, партиските вработувања…

Ковачевски се обиде да ги исплаши граѓаните и на прашањето што доколку нема уставни измени тој кратко одговори-изолација. Ако човек не знае кој е кој ќе помисли дека Таче е лидер на опозиијата а не т.н премиер.