Навистина извонредна изјава на претседателот Пендаровски. Тоа е добар чекор на Скопје во неопходната насока. Од какви и мотиви да го прават, тоа е навистина историски чекор, изјава без преседан, што ние треба да ја надоградуваме, зашто многу важно е тоа што се признава дека Гоце Делчев е Бугарин. Но, тоа не е доволно. Значи, ние не можеме, како што велам јас, по домашна книга да ги фрламе историските личности-сега Гоце Делчев, после Јане Сандански, Даме Груев-ние треба да ја гледаме целината.
Ова во утринската емисија на БТВ новините го изјави поранешниот бугарски претседател Георги Прванов. Тој предлага бугарскиот дел од заедничката комисија веднаш да се произнесе околу изјавата на Пендаровски и на Владата да и предложи текст. чија содржина самиот ја предложи.
Борбите на Внатрешната револуционерна организација и делумно Илинденско-Преображенското востание се дел од заедничката историја, зашто се израз на настојувањата на бугарското население во Македонија кое е доминантно во тоа време. Целта на револуционерните борби е извојување на автономија на Македонија, која има различни маки, но со текот на времето се повеќе се зацврстува уверувањето за независна македонска држава, изјави Прванов.
Според него, тука две работи се битни. Прво, дека се утврдува бугарскиот карактер на областа до 903-та и во следните десетлетија и втората, се прифаќа тезата за македонска автономија како перспектива, како цел на револуционерната организација.
Треба да е јасно-современата македонска држава е дел од бугарската историја. Ако можам така да кажам, македонската држава израснува на клонот на вековната бугарска држава и нација, рече Прванов.
Comments are closed for this post.