Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификуваше Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО.
Ратификацијата на Протоколот заеднички на Фејсбуј ја објавија министерот за надворешни работи Никола Димитров и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во посета на земјава.
Следен чекор до целосна ратификација е Протоколот да биде изгласан во Сенатот.
Зелено свето за влез на Северна Македонија во НАТО досега дадоа 21 земја членка на Алијансата. Се очекува наскоро тоа да го направат преостанатите осум држави сојузници со што земјава и официјално ќе стане 30.членка на НАТО.
Comments are closed for this post.