Според Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, познато е како ќе се изврши попишувањето на лицата кои ќе бидат позитивни на ковид-19 и во домашна изолација, пишува Плусинфо.
Во Протоколот се наведува дека попишувањето на овие лица ќе биде посебно огранизирано и следено, па така бројот на лица позитивни на ковид-19 и во домашна изолација ќе се следи на дневна основа со цел да се овозможи нивно опфаќање во Пописот.
Државниот завод за статистика во соработка со Управата за електронско здравство „Мој термин“ ќе ги добива списоците на позитивни лица на дневна основа со нивна адреса, ЕМБГ и телефонски број – стои во Протоколот.
Оние лица чија изолација ќе започне на 1 април и ќе заврши за време на трањето на пописот, попишувачот ќе може да ги посети по завршувањето на периодот на домашна изолација.
Додека пак лицата кои се позитивни на ковид-19 и кај кои изолацијата нема да заврши за времетрањето на пописот, тие ќе бидат телефонски контактирани и ќе се договорат условите за попишување со добивање на податоци од некој нивен близок кој не е во изолација, а ги знае сите податоци – се вели во Протоколот.
Comments are closed for this post.