За жал предвидувањата на ГРОМ се остварија, уште со првото вчерашно емитување во Македонија, бугарската телевцизија БНТ арогантно, некултурно и до крај безобразно ја презентираше својата шовинистичка пропаганда, реагираат во петокот од партијата Граѓанска опција за Македонија.

Волкот го менува влакното но не и навиките, па така и Бугарите веднаш започнаа со негирање на македонската нација и побугарчување на македонските револуционери. ГРОМ го осудува овој чин на предавство од страна на владата и ставање змија во пазувите на македонскиот народ. Затоа е потребно енергично и масовно спротиставување“, се наведува во реакцијата.

Поради тоа ГРОМ апелира до македонскиот народ и сите граѓани „кои се противат на негаторските политики врз македонскиот народ и држава од страна на Бугарите“, да ги блокираар каналите на коишто ќе бидат емитувани бугарските телевизии.

Не ни треба оружје, ниту куршуми, ниту ракети доволно е со нашите прсти да го употребиме далечинскиот управувач и да го блокираме нивното присуство во нашите домови. Во овие телевизии и нивните пропаганди од 19 век нека уживаат семејствата Заеви, Османи, Георгиевски, Бучковски и малкумината слични на нив, додаваат од ГРОМ.