Нивото на реформи е катастрофално ниско и во Македонија и во Албанија. Ова е генералниот заклучок на потпретседателот на ВМРO-ДПМНЕ Александар Николоски, кој вечерва во интервју за Економски лидер ја коментира одлуката на Советот на министри на ЕУ да не им се даде зелено светло на Македонија и Албанија за започнување на преговорите за членство во Унијата.

Жалната вистина е дека во октомври 2019 година, со променето име, со лош договор со Бугарија, Владата на Заев не ни успева да добие датум за почеток на преговори, а камо ли да започне преговори и затоа овие мои прогнози кои, за жал, се остваруваат, можат да водат само кон оставка на владата на Заев веднаш и брзи предвремени избори на коишто ќе дојде до промена на владата.

Николоски рече дека владата што ќе дојде, на ВМРО-ДПМНЕ, е способна и подготвена да се обиде да издејствува започнување на преговори следната година, а во иствреме ја нападна владата на Заев за дволичност коментирајќи го нападот на дописничката на МИА упатен кој еврокомесарот Хан на прес-конференцијата вечерва.

Минатата година направија договор со Албанија и мислеа дека тој договор ќе им донесе политички поени во Македонија. Лошо се пресметаа, година и половина подоцна удрија во ѕид и сега сите им се криви освен самите тие. Во нормална држава досега ќе фрчеа оставки, а овдека гледам се однесуваат како да не се од овде, односно Османи си замина до Луксембург, не слушнавме дека кој било го промил денес. Вчера димитров беше до Брисел, исто така, не слушнавме дека некој го примил, а сега и Заев заев најавува дека ќе патувал. Втората несериозност е – оваа држава има министер за надворешни работи, а во пракса патуваат двајца луѓе и министерот за надворешни и потпретседателот на Владата за европски прашања. Како очекувате датум да ви дадат кога двајца луѓе некоординирани меѓусебе кај исти луѓе бараат средби?

Ова значи, заклучува Николоски, дека Македонија има катастрофално неспособна дипломатија, затоа што со со сите национални концесии направени не може да добие датум за преговори, а не членство.

Лично сум револтиран. Кога ги правев сите овие предвидувања и предупредувања во јавноста, ги правев не со цел да се остварат, туку со цел да не се остварат. Како потпретседател на најголемата опозициска партија да дадам апел до Владата да се коригира. Работа на опозицијата е да ја коригира владата. Јас мислев дека тие мои сознанија, кои беа исклучиво релевантни, за жал се покажа дека сум бил во право, ќе наидат на разбирање и во владата и дека владата ќе почен да работи. Наместо тоа, ми беше одговарано дека тоа е научна фантастика. Таа научна фантастика денес станува реалност и два милиони граѓани на оваа држава се заробени заради една неспособна банда на 15-20 корумпирани луѓе.

Запрашан за најавите за протести по аферите Рекет и Рекет 2, кои биле запоставени поради европската агенда на земата, но и на опозицијата, Николоски рече дека активноста на партијата не може да се мери само преку протести.

Не би рекол дека ВМРО-ДПМНЕ не е активно. Погледнете ги извештаите, преку еден ден сме на терен. Македонија не е само центарот на Скопје, Македонија се и Штип, и Струмица, и Гевгелија и Битола, и Охрид и Гостивар и Илинден и Петровец и Куманово, секако и Центар и Аеородром, така што постои интензивна активност на ВМРО-ДПМНЕ преку разговорите за обнова на Македонија. Факт е исто така дека сакавме да ѝ дадеме шанса на државата да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, но со сите случувања, особено со последната корупциска афера Рекет, која најверојатно ќе има повеќе продолженија од „Рамбо“, не може Македонија да очекува датум за преговори. Граѓаните треба да сфатат дека одлуките ги носат политичари кои ги претставуваат своите земји. Исто како и нас избрани на избори и на следните избори граѓаните ќе ги прашаат зошто го направивте ова. И легитимно е граѓаните да рпашаат зошто дозволувате да ни се приклучуваат земји во кои политичарите се коримпирани, дали тоа значи дека и вие сте корумпирани или не сте го виделе тоа. Секако, затоа што се одговорни политичари, кои не се корумпирани, а и гледаат дека Заев и компанија се корумпирани, не дозволуваат да почнат преговори.

За Николоски единствена наредна шанса е Заев да си поднесе оставка, да се одржат предвремени парламентарни избори колку што е можно побрзо, односно по 100-те дена техничка влада, да дојде нова, способна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе испорача реформи онаму каде што бара ЕУ, пред се борба со корупцијата и владеење на правото, подобрување на економијата и меѓупартискиот дијалог, редовниот извештај на ЕК во април да биде позитивен, и во јуни 2020 Европскиот совет да определи датум за почеток на преговори.

Најдобрата работа што може да ѝ се случи на Македонија во моментов е да не ја изгуби и 2020 година.

Николоски се осврна и на прашањето што ако Македонија никогаш не стигне до датум за почеток на преговорите во реформираната ЕУ, за каква што инсистира Франција.

Никој не се запраша зошто на Франција ѝ текна да бара променета методологија за проширување. Ќе ви кажам зошто ѝ текна. Како што гледа, во државиве коишто преговараат, Србија и Црна Гора, и во државиве коишто сакаат да почнат преговори, Македонија и Албанија, не само што не стагнираат работите, туку одат и надолу и цвета корупција, а економијата тоне. Оттука, логично е да размислат за нова методологија. Кога постоеше проблемот за името, со сите критики на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и на пртходните влади, но тие влади испорачуваа реформи секоја година. И секоја година Франција беше ЗА. Единствена која ставаше вето беше Грција заради проблемот со името. Сега го немаме проблемот со името, решен е најкапитулантски и најпредавнички можен начин, а повторно нема преговори. Зашто, не е само Франција, туку една група земји кои не се согласуваат Македонија и Албанија да почнат преговори.

Алтернатива има, но само една, смета Николоски, а тоа е да се работи на подобрување на државата.

Што мислите, дали Франција олку ќе се противеше ако во Македонија немаше афера Рекет 1, во која се носат вреќи полни пари, ако немавме афера Рекет 2, во која министер за здравство и директо за ФЗОМ бараат половина од фирмата на приватен стопанственик, ако немавме Вице Заев, Зоран Заев, Трајче Заев и комапнија да имаат обрт од 60 милиони евра годишно. Да беше Македонија средена држава, Французите немаше да бидат против. Кој не сака средена држава? Решението за нас како држава, без разлика во која фаза сме од преговорите со ЕУ, е да ја средиме државата. Оваа држава е мала и се средува лесно и брзо.

Договорите што ги потпиша оваа влада, со Бугарија и со Грција, ќе ѝ отворат многу горливи прашања на следната влада. Николоски одговара и на прашањето што ќе направи владата на ВМРО-ДПМНЕ за да ја зачува европската перспектива на Македонија.

На генерации и генерции кои доаѓаат владата на заев им остава тешко бреме. Тоа се два исклучително лоши договори, со трајни последици, во одредени делови, за жал и непоправливи. Кога некој ќе ја сруши куќата, мора да почнете да ја прадите од темел, не можете да ја реновирате. Ќе мора да се соочуваме со овие проблеми. Факт е дека овое две држави имаат стекнати права и многу тешко ќе се откажуваат од тие права, но факт е дека оваа влада не се бори за нашите права и нашето достоинство, а владата на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го прави, зашто е одговорна пред македонските граѓани. Вакво понижување какво што денес му се случува на македонскиот народ, ние нема да дозволиме. А ни се случува, зашто филозофијата на Заев беше ќе го сменам името, ќе потпишам се што бараат да потпишам и на раат ќе си крадам. За многу брзо време, многу побрзо одошто очекува, за ова Заев ќе понесе прво политичка, а потоа и кривичка одговорност. Да потсетам, пласираа тези дека ќе владеат долго како Мило Ѓукановиќ, се споредуваа со него, па видоа дека не им држи тезата, па ја повлекоа. Да бидеме објективни, Македонија и Црна Гора не можете да ги споредувате. Од поранешните шест републики Црна Гора има најдобар стандард, па веројатно граѓаните имаат причина зошто гласаат за владите на Ѓукановиќ. Имаат само уште две неотворени поглавја во преговорите со ЕУ, за разлика од Македонија, која датум не може да добие.

Николоски е песимист дека до петок нешто ќе се промени. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на една ситуација којашто не се коментира во јавноста, но е интересна за анализа. Николоски потсети дека во моментов почеток на преговорите на Македонија со ЕУ поддржуваат самопартиите од десницата.

Во овој момент скептични се држави кои имаат левичарски премиери, против е држава којашто има премеир либерал, а Либерално-демократската партија е коалиционен партнер на СДСМ. Единствени кои поддржуваат се партиите од десницата, односно од Европската народна партија каде што припаѓа ВМРО-ДПМНЕ. Жозеф Дол е единствен претседател на европска партија кој испрати писмо со поддршка за определување датум за преговори. Ниту социјалистите испратија, ниту либералите. Ангела Меркел е премиер на најголемата сила во Еу, исто така од ЕНП, Виктор Орбан е премиер од ЕНП, четворката од Вишеградската група: Унгарија, Чешка, Словачка и Полска, исто така се или од ЕНП или од конзервативците. Единствени коишто лобираат Македонија да добие датум се нашите пријатели, десничарите. Со тоа ние направиме и повеќе одошто можевме да направиме, но во исто време никој не може да ги затвори очите дека имаат работа со корумпирана банда.

Николоски не се согласува дека Германија е лицемерна кога вели дека не е за разделување на групата Македонија – Албанија, од една страна, и од друга страна дека Македонија заслужува датум за преговори.

Тој потсети на генезата како се создаде групата Македонија – Албанија.

Прво постоеја две групи. Во едната група беа Србија и Црна Гора. Тие си отвораа поглавја. Во втората група беа Албанија, Косово и Босна и Херцеговина и Македонија беше на страна, заради проблемот со името. Беше планирано, кога ќе се реши името, Македонија да им се приклучи на Србија и Црна Гора, па дури се спомнуваше и дека ќе ги замине, зашто таа влада на ВМРО-ДПМНЕ реализираше реформи, особено во економијата. е тука треба да ѝ се честита на албасната дипломатија умешно сфати дека ако останат во група со Косово и Босна и Херцеговина, никогаш нема да напредуваат, зашто Косово нема решен државен статус, а не се ни членки на ОН, а со Босна не се знае што ќе биде. Искористија момент дали на наивност дали на политичка калкулација на Зоран ЗАев и Бујар Османи да направат нова група Македонија – Албанија, која за да се раздвои, Македонија треба да биде шампион во реформи. А не само што не е, туку оваа година македонија има и полош скор од Албанија. Албанија оваа година уапси министер за внатрешни работи заради корупција, а во владата на Заев каде што има очигледни корупциски афери никому не му фали влакно од косата. Во таква група и со толкаво потфрлање на реформите нормално дека никој не сака да ја раздвои Македонија. да не се лажеме, можеа да ја раздвојат само ако Македонија го сака тоа – да спроведе реформи и да ја раздвојат.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски ексклузивно открива дека минатиот петок се сретнал со министер за европски прашања од една од најголемите европски земји со кого утрото се сретнал и вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи.

На состанокот Николоски се интересирал дали има можност Македонија да се раздели од Албанија и дали некој од македонската влада побарал такво нешто од ЕУ. Министерот му одговорил:

Мојата земја се противи на раздвојување. Никој од Македонија не побарал такво нешто од нас. Ниту на состанокот утрово, му одговорил министерот.

Промената на името, односно Преспанскиот договор беше потпишан на 17 јуни, а на 29 јуни Европа ѝ кажа на Македонија дека нема да добие датум за преговори, потсети Николоски.

Паметна влада немаше да слезе од авион од лобирање од главен град до главен град Македонија да се раздвои од Албанија и да бара листа на реформи што треба да направи државава за да добие датум годинава. Наместо тоа, тие се корумпираат дома и бараат милиони евра во вреќи. Затоа сме овде каде што сме, вели Николоски.

Иако премиерот Заев денес го повтори својот стаав дека дури и да нема датум, избори ќе нема, Николоски потенцира дека избори ќе има и тоа многу побрзо одошто очекува Заев.