Поздравен е силниот напредок на Република Северна Македонија во исполнувањето на реформската агенда, а добиено е и охрабрување пред јуни оваа година државата да ги спроведе преостанатите мерки за комплетирање на реформите предвидени со заклучоците на Европскиот совет од јуни 2018-та година. Република Северна Македонија има големи причини да се надева на позитивни сигнали од сите европски институции во наредниот период, се вели во владиното соопштение по средбата на премиерот Заев ивисоката претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска во Брисел.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која присуствуваа и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев ја изразил својата лична благодарност за одржувањето на Советот за Стабилизација и Асоцијација во вака значаен период за Република Северна Македонија. Биле повторени честитките за постигнувањата со Договорот од Преспа, неговата целосна имплементација и придобивките коишто, како што се посочува, се веќе видливи за сите, а станало збор и за претстојните претседателски избори. Успешното спроведување на фер, демократски и слободни претседателски избори е клучно и приоритетно за Владата на Република Северна Македонија и сите очекуваат конструктивен пристап и учество на опозицијата во изборите, како и во реформските процеси.
Учесниците на денешната средба во Брисел се согласија дека успешното спроведување на фер, демократски и слободни претседателски избори е клучно и приоритетно за Владата на Република Северна Македонија. На средбата, исто така, беше истакнато дека сите очекуваат конструктивен пристап и учество на опозицијата во изборите, како и во реформските процеси, се наведува во соопштението.
Премиерот Заев во Брисел ја предводи македонската делегација на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација, со кој ќе претседава токму тој, при што ќе ги презентира достигнувањата на земјава во процесот на реформите, што се спроведуваат на патот кон отпочнување преговори со ЕУ. Петнаесеттиот Совет за стабилизација и асоцијација меѓу Република Северна Македонија и ЕУ, со кој ќе копретседава високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Могерини, се смета за прв прелиминарен тест на динамиката на реформската агенда, која е концетрирана во трите столбови – безбедносно -разузнавачкиот систем, јавната администрација и правосудството.
Comments are closed for this post.