Службите за итна медицинска помош до крајот на месецот ќе добијат 12 нови амбулантни возила, кои Министерството за здравство ги набави лани. Осум возила кои неколку години ги има Министерството за земјоделство, но досега не биле користени, ќе бидат дадени на Министерството за здравство. Тие ќе бидат пренаменети и ќе бидат употребувани како возила за Брза помош.

Возилата може да се пренаменат и да бидат амбулантни возила, односно треба да се доопремат. Министерството за земјоделство не ги користи овие возила и со одлука на Влада ќе ги преземеме ние. Овие возила иако се стари неколку години, практично не се користени и соодветни се да се користат како солидни амбулантни возила. Со тоа значајно ќе го надополниме целокупниот систем на Итна помош во државата. Тие биле предвидени за нешто друго и ние ќе ги добиеме за пренамена“ – изјави министерот за здравство, Венко Филипче.